Тиквеш со големи амбиции – кавадарчани најавуваат сериозен проект

Тимот на Тиквеш немаше шанси да го дигне пехарот во Првата лига оваа сезона, а беше најголем фаворит, бидејќи немаше ниту еден пораз.

Сепак раководството на кавадарчани веќе започна со проектот наречен „Суперлига“ и потпиша договор на две години со тренерот Томе Петрески.

Последните најави од Тиквеш се дека влезот во елитното друштво го прават со големи амбиции и респектибилен буџет, ќе имаат поддршка и од Оштина Кавадарци, а тоа ветува долгорочен и нов сериозен проект на македонската ракометна сцена.

„Напорно работиме на два фронта – да направиме ростер кој ќе ни овозможи најмалку опстанок во Суперлига и да ги дооформиме младинските категории и школи. Најголем дел од играчите од претходната година остануваат во клубот, додека преговорите за засилувања за наредната сезона се веќе почнати, но целта е да се најпрвин да се провери квалитетот на новите играчи. Одиме чекор по чекор да ги остваруваме нашите амбиции“, вели генералниот секретар Ратко Мицев.

Покрај Скопје и Битола, Кавадарци своевремено беше третиот град со два тима – ВВ Тиквеш и Тиквеш, но оттогаш поминаа многу години, па нема сомнеж дека жителите на овој град до последно место ќе ја исполнуваат салата „Јасмин“ на суперлигашките средби.