Тиквеш со важни бодови по драмата со Бутел

Тиквеш ги израдува домашните навивачи со нова победа во салата Јасмин, овојпат против Бутел до 24-23(14-13) во рамките на 11. коло од македонскиот плеј-оф. Во натпревар кој носи бодови за последниот европски билет, Тиквеш е чекор пред конкуренцијата.

Првото полувреме помина во израмнета игра, во која двете екипи имаа свои моменти и минимална предност. Сепак домаќините покажаа повеќе осовено во втората половина на првиот дел, но не успеаа да му “побегнат” на притивникот. Бутел бркаше изедначување се до финишот на првиот дел, кога со низа грешки му дозволи на Тиквеш напад за “плус два”. Разликата не се промени, домапните ракометари не го искористија последниот напад па на полувреме имаа само гол позитива за 14-13.

Она што не им успеа во првиот дел го направија на почетокот на вториот. По три минути игра Тиквеш имаше “плус три”,16-13.

Во средина на второто полувреме Бутел успеа да ја анулира предноста на противникот, па во 47 минута Николов од пенал го израмни резултатот на 18-18.Егал играта продолжи и во завршницата. По неколку неискористени напади на двете страни, Мајиќ од контра-напад го врати водството за гостинските ракометари од 19-20 во 52. минута, моменти подоцна истиот играч на идентичен начин ги донесе првите два гола залиха за екипата на Бутел(19-21). На Тиквеш му беа потребни две минути да се опорави од шокот. Добрата одбрана, голманот Брауновиќ и сигутна реализација на Симиќ, Анастасовски и Димовски го вратија домаќинот во предност 22-21.

Бутел успеа да изедначи само еднаш и тоа на пет минути до крај, но следуваа грешки во нападите на двете страни, а гол разликата Тикцеш во 59 минута ја претвори во победнички “плус два” за 24-22. Бутел го преку Ѓеоргиевски ги направи возбудливи последните 30 секунди од дуелот (24-23). Во брканицата на теренот и пресинг одбраната на Бутел, поуспешни излегоа ракометарите на Тиквеш кои прославија минимална победа и значајни три бодови во македонската Суперлига.

Најпрецизен на терњнот беше Николов со 6 голови за Бител, го следеа Ѓеоргиевски и Мајиќ со по 4. Во победничката екипа Хамзиќ, Темелкоски и Симиќ постигнаа по 5 голови.