Тиквеш остана без средниот бек – Душан Медиќ се сели во Франција

Тимот на Тиквеш од Кавадарци ќе мора да бара нов играч на средната бековска позиција, бидејќи остана без еден од српските интернационалци.

Станува збор за Душан Медиќ, кој по една година во Кавадарци се сели во Франција, откако потпиша за третолигашот Поитие.

Медиќ потекнува од Апатин, ги носеше дресовите на Металопластика, Спартак Војпут, Слога Пожега, Раднички Крагујевац, како и унгарскиот Шашаломбати.

Кавадарчани изборија опстанок во суперлигашкото друштво и следната година ќе имаат зголемени амбиции во најелитната македонска конкуренција.