Тиквеш не мирува – се засили со Србинот Душан Медиќ!

Новиот суперлигаш Тиквеш не мирува и ги продолжува активностите на трансфер пазарот пред стартот на новата сезона.

По пивотменот Пеце Ѓорѓиоски и десниот бек Вања Смиљаниќ, кавадарчани го пополнија ростерот со уште едно странско засилување.

Станува збор за поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Србија, Душан Медиќ, кој настапува на средната бековска позиција.

28-годишниот Медиќ потекнува од составот на Апатин, играше за Металопластика Шабац, Спартак Војпут, Слога Пожега, унгарскиот Сашаломбати, а во Кавадарци доаѓа од Раднички Крагујевац, каде ги мина последните две сезони.

Тиквеш претходно ги продолжи договорите со средниот бек Јане Јанчев и десниот бек Дејан Гошевски.