Тиквеш запали „мотори“, на 1 август заминува на Копаоник

Ракометарите на Тиквеш во Кавадарци ги започнаа подготовките за новата суперлигашка сезона што ќе стартува на почетокот на септември.

Во изменет лик, со нов шеф на стручниот штаб, Ристо Магдинчев, кавадарчани тргнаа во сезоната во која ќе ги чекаат големи предизвици.

Тимот во следните два дена ќе тренира во Кавадарци, а на 1 август заминува на Копаоник каде што ќе ги одработи висинските подготовки.

Тиквеш ќе настапи на турнирите во Струга и Прилеп од 12 до 15 август, и од 31 август до 2 септември, а во меѓувреме ќе одигра уште неколку пријателски дуели.

Од екипата заминаа голманот Кире Петров, бековите Душан Медиќ, Вања Смиљаниќ и Стефан Колоски, пикерот Пеце Ѓорѓиески, како и крилото Костадин Петров.

Нови имиња во тимот се пикерите Марко Трајковски и Никола Стефановиќ, бековите Борче Соколов и Марио Гичев, како и крилото Евгениј Темелкоски.