Тест на двете женски екипи кои играат во Европа – Куманово убедливо дома

Екипата на Куманово дојде до победа од 30:13 на дуелот против Чаир на контролната средба која беше меѓу двата состави кои ќе играат во европскиот куп во новата сезона.

Кумановки беа убедливи уште после 30 минути кога направија предност од 15:6. Овие девет гола беа мотив плус во продолжението уште повеќе за да се стигне до поголема разлика.

Чаир не успеа да следи, па домашните стигнаа до висока разлика која на крај изнесуваше 17 гола разлика. Од конечните 30:13 се гледа дека Куманово сезонава влегува уште поамбициозно и со желба да се дојде до двојна круна во домашните натпреварувања.