Текстилец освои лесни бодови на гостувањето во Велес

Екипата на Текстилец одигра рутински на гостувањето во Велес кај Борец и запиша убедлив триумф од 48:16 во натпревар од 7. коло од плеј-аут фазата во прволигашкиот плеј-оф.

По водството на Борец од 1:0, следуваше серија на гостите од Штип од 19:0, по што беше познат победникот на дуелот.

Домашниот тим вториот гол го постигна дури во 22-та минута и до крајот на полувреме додаде уште два гола. Текстилец на полувреме замина со предност од 26:4.

Вториот дел беше само формалност, во која гостите ја продолжија својата доминација на теренот.

Најефикасен во победничката екипа беше Васе Петров со десет погодоци. Кај Борец се истакнаа Марко Ангелов и Душан Крстевски, имаа по пет, односно четири реализации во голот на гостите.