Тежок удар за Украина, Швајцарците доминираа на теренот

Првиот противник на Македонија на Европското првенство, Украина претрпе уште потежок пораз од оној кој нашите репрезентативци го претрпеа против Словенија. Украинците загубија против Швајцарија со 22:32 на „Yellow Cup“ со што покажаа дека не се во најдобра форма пред стартот на првенството.

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Остроушко беше меѓу најефикасните во Украина со три гола, а исто имаше и Козакевич. Повеќе од нив имаше Залевски кој четирипати ја тресеше мрежата на репрезентацијата на Швајцарија. Пивотот Шевелев двапати погоди во голот на противникот.

Русите стартуваа успешно на Меморијалот „Доминго Барсенаса“ во Шпанија. Тие ја совладаа полска со 30:25. Санталов беше прв стрелец со осум гола. Од вардарците меѓу стрелците се запишаа Атман и Калараш по двапати, а Дибиров еднаш.

ПРИЈАТЕЛСКИ СРЕДБИ

РУСИЈА – ПОЛСКА          30:25 (15:14)

ТУНИС – ХОЛАНДИЈА   30:29 (12:13)

БИХ – КАТАР     27:30 (15:13)

ДАНСКА – НОРВЕШКА  28:26 (15:12)

СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА    33:28 (19:12)

ШПАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА        30:25 (17:17)

ШВАЈЦАРИЈА – УКРАИНА          32:22 (20:11)

ФРАНЦИЈА – СРБИЈА    40:26 (22:13).