Тежок пораз за Чаир, утрешниот реванш во Торшавн само формалност

Ракометарките на Чаир претрпеа тежок пораз на стартот од игрите во Европскиот куп од 26:43 против Х71 од Фарски острови, па утрешниот реваншт исто така во Торшавн ќе биде само формалност.

Високите 17 гол разлика не даваат никаква надеж бидејќи веќе е јасно како ќе се одвиваат работите на овој двобој.

Од почетокот на средбата се виде дека Чаир ќе нема многу шанси против тимот од Фарските острови. Составот на Х71 успеа да преземе иницијтива на средина од првото полувреме кога стигна до предност и до крајот на првиот дел стигна до плус шест и имаше 22:16.

Овие шест гола во продолжение од натпреварот беа зголемени и во текот на целото второ полувреме разликата беше висока. Немаше многу простор за поправање на работите, па Чаир претрпе пораз од 26:43.

Со ова утрешниот реванш е само формалност така што веќе е јасно кој оди во следната рунда.

ЧАИР – Х 71        26:43 (16:22)

Сала: Холин а Халси во Торшавн. Судии: Никлас Нигард и Никлас Марк Педерсен од Данска.

ЧАИР: Којовиќ (8 одб.), Сали (2 одб.), Рамадени, Бакиќ 1, Божиновска 6, Рахмани 3, Рамуко, Сали, Гулицоска 3, Реџеп, Ѓорѓиевска 1, Алексоска, Буразер, Дамческа 3, Петковска, Дукоска 5, Филипоска 4

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 8 мин.

Х 71: Јогвансдотир (13 одб.), Ав Скарди (5 одб.), Егхолм 3, Бентсдотир 3, бримнес, Вејхе 5, Рубексен, Палсдотир 10, Барба Арге 3, Јонсен, Бентсдорит 4, Олсен 4, А Борг 1, Јакобсен, Арге 1, Митун 9

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 2 мин.