Талески: Екипи како Веспрем ја казнуваат секоја грешка

Вардар загуби со 22-30 од унгарскиот Веспрем во осминафиналето и се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампионите.

Најдобар играч на вардарци беше левиот бек Филип Талески, кој вели дека клучниот момент за поразот се многуте технички грешки кои беа казнети со лесни голови.

„Вакви екипи како Веспрем ги казнуваат сите грешки, во финишот од првото полувреме не казнија со лесни голови од контри. Нашиот тренер ни кажа да ги намалиме грешките, тоа не го остваривме и мислам дека тоа е клучот за нашиот пораз. На стартот на вториот дел немавме среќа, погодивме стативи и пречки, одбиени топки се враќаа кај нас, но пак не можевме да реализираме и тие повторно не казнија“, вели Талески.

Следен предизвик за Вардар ќе биде гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2 во Суперлигата в сабота, а реваншот со Веспрем во Лигата на шампионите ќе биде на 6 април.