Талевски замина од Слобода Тузла

Македонскиот интернационалец Јован Талевски, кој минатата сезона беше дел од босанската екипа Слобода Тузла, во новата сезона ќе има нов предизвик.

Средниот бек лани прикажа одлична игра на Струшкиот турнир во дресот на Струга, но не остана во овој тим и се пресели во Босна.

Таму беше меѓу најдобрите стрелци и остави одличен впечаток меѓу навивачите на тимот од Тузла.

Талевски потекнува од школата на Вардар, беше дел од Прилеп и Струга, а најдолго време играше за турскиот Јозгат Бозокспор.