„Талант е брилијантен тренер, но во однос на фудбалот и виното – многу греши“

Келце во последно време влезе во одлична форма и бележи одлични резултати и во домашното првенство и во Лигата на шампиони.

Добрата атмосфера во екипата се пренесува и на социјалните медиуми каде што претседателот на клубот Бертус Сервас го пофали тренерот Талант Душебаев, но и истакна каде греши.

„Талант и јас имаме различно мислење само за две работи во последниве години. Барселона (Бертус) или Реал (Талант), шпанско вино (Талант) или фрнцуско вино (Бертус). Душебаев е брилијантен тренер, но во однос на овие две прашања многу греши“, напиша Бертус Сервас на Твитер.

Тимот на Талант Душебаев е во серија од пет победи во Лигата на шампионите и е на првото место во групата Б пред Барселона.