Талант до Алекс: Ти си најдобриот играч во светот, најдоброто нешто во мојот живот…(ВИДЕО)

Во спектакуларното финале на Лигата на шампионите, Келце загуби од Барселона по пеналите со 37-35.

Тренерот на полскиот шампион Tалант Душебаев имаше емотивен говор во соблекувалната по натпреварот.

„Мислев дека Бог ќе ни ја даде титулата нас. Но Бог беше со нас во 2016 година кога не требаше да победиме. Горд сум на вас и среќен што сте со мене – 21 син, 21 војник, 21 човек со големо срце. Во следните две или три години, ќе дојдеме до титула“, кажа Талант.

Потоа му се обрати и на Алекс.

„Алекс, нема татко што ќе биде повеќе горд на неговиот син. Најдобрата работа во мојот живот сте ти и твојот брат. Запомни – ти си најдобриот играч во светот за мене. Сакам сите да го знаат ова. Од тој ден, 17 декември 1992 гдина, кога се роди, немаше посреќен и погорд татко во светот“, заврши Талант.

На крајот свое обраќање имаше и Алекс, кој беше трагичар на мечот бидејќи единствен промаши пенал.

„Ја преземам одговорноста, но запомнете, ќе се вратиме овде и ќе победиме. Кога ќе се вратиме во Келн, ви ветувам – ќе победиме“, кажа Алекс.