„Тажен сум, фрустриран, се чувствувам како криминалец и многу се срамам“

Поранешниот ракометар на Сковде, Ричард Ханиш пред завршувањето на минатата сезона беше суспендиран на две години откако беше позитивен на допинг тестирање кое му беше извршено после натпреварот со Кристијанштад во рамките од шампионатот на Шведска.

Според тогашната изјава на ракометарот, забранетата супстанца, метилхексанамин по грешка била внесена во неговото тело заедно со додатоците во исхраната кои ги користел пред одигрувањето на натпреварот.

Ханиш после неколку месеци реши преку социјалната мрежа Твитер да ги открие сите детали околу допинг случајот.

„Долг кошмар што стана моја реалност. Единаесет дена по последното финале на шведското првенство, стигнува писмо на моја адреса од Анти Допинг Агенцијата од Шведска. Направив допинг проверка по полуфиналниот натпревар и мислев дека тоа ќе биде писмо во кое се наведува дека тестот е негативен. Но, наместо тоа излегува дека е спротивното. Се истакнува дека сум осомничен за користење на допинг. Од тој ден, мојот живот е целосно превртен наопаку. Никогаш не сум помислувал ниту во моите најлуди фантазии дека ќе се фатам за контрола на допинг“.

Во понатамошниот текст, Ханиш истакнува дека ги проверил сите информации за содржината на суплиментот.

„Единствено што можам да објаснам е дека пред полуфиналниот натпревар зедов суплемент. Пред да го испијам, ги проверив сите теми на содржината, и на ВАДА и на црвено-зелената листа. Ништо на содржината не резултираше со забрана. Мислев дека тоа нема да биде нешто што ќе доведе до тоа каде сме денес. Тажен сум, фрустриран, се чувствувам како криминалец и многу се срамам. Сега се чека период на суспензија и јас всушност не знам како ќе се справам со ова. Се чувствувам изгубено“.

Ричард Ханиш може да поднесе жалба против одлуката за суспензија до 27 септември.