Тадичи не се поправа, доби нова казна, но дали и таа ќе го опамети

Контроверзниот тренер од Романија, Георге Тадичи доби ноа казна откако направи уште еден потег со кој предизвика сканал откако ја тепаше ракометарката Александра Врабие, поради тоа што била исклучена.

Тадичи доби суспензија од забрана за водење на тимот на шест натпревари, а ќе треба да плати и парична казна од 4.000 леи (околу 800 евра).

Ова е четврта казна за тренерот Тадичи годинава. Веќе имаше казна при која мораше да плати 2.600 леи и доби осум натпревари суспензија.

Напади има од сите страни. Ракометарката на Браила, Аманда Куртовиќ го напиша своето мислење на Инстаграм профилот.

„Тргнете го овој одвратен човек одовде. Кутри девојки“, напиша Куртовиќ на својот профил.

И еден поранешен ракометар од Норвешка има свое видување на оваа ситуација.

„Ова се тажни слики и страшно е тоа што на Тадичи сè уште му се доволени вакви работи. Тоа е безобразно. Време е некој да го спречи, сега и засекогаш. Тој го прави ова со години, навистина мислев дека се смирил, но сè полошо е“, вели Бент Свеле.

Што ќе се случува со Тадичи понатаму е неизвесно, но очигледно дека нема да биде целосно суспендиран туку после казната повторно ќе може покрај аут линијата што не е гаранција дека ќе биде сè мирно.