Табоада: Еурофарм Пелистер е одличен проект, дојдов во Битола да освојувам титули

Еден од новајлиите во составот на Еурофарм Пелисер е левиот бек од Куба, Реиние Табоада, кој дојде од францускиот Данкерк.

Кубанецот вели дека дошол во Битола за да му помогне на тимот да стигне до многу посакуваната шампионска титула во Македонија.

„Еурофарм Пелистер е амбициозен тим, екипа што се развиива се повеќе и повеќе, во македонскиот шампионат беа на второ место последните сезони. Ова ќе биде добра можност за мене како играч, да му помогнам на тимот да стигне до толку посакуваното прво место во Македонија и до многу титули. Мојата игра се карактеризира со влезови „еден на еден“, но можам да шутирам и од далечина. Имав шанса да ги гледам дел од натпреварите на Еурофарм Пелистер од минатата сезона во Лигата на Европа и во македонското првенство. Забележав дека тимот има квалитетни играчи, тренерот поставува одлична тактика и проектот многу ми се допаѓа“, вели Табоада.

По Јант Санчез, кој своевремено заигра за Зомимак Струмица, оваа сезона во Македонија ќе играат двајца Кубанци. Покрај Табоада во Еурофарм Пелистер, во Вардар ќе игра десниот бек Јоел Куни Моралес.