Супер машка лига: Металург на предизвик во Охрид, го чека тешко гостување во „Билјанини извори“

Дербито на 17. коло од Супер машката лига се игра денеска во Охрид каде што Металург гостува во обид да остане непоразен во регуларниот дел од сезоната.

Во есенскиот дел Охрид успеа да извлече бод во Скопје, но тогаш имаше многу турбуленции кај металурзите и Кастратовиќ само што беше поставен на тренерската позиција. Сега ситуацијата е поинаква, па ќе има сигурно надмудрување меѓу Кастратовиќ и Стојановиќ.

Денеска интересно ќе биде и во Бутел каде што ќе гостува тимот на Пролет. Екипите кои се на 3. и 4. позиција исто така се во интересна пресметка и тука ќе се види од кој состав може да се очекува повеќе во плеј-оф лигата.

Дефинитивно ќе биде возбудливо и интересно и ќе има што да се види на теренот и во текот на ова претпоследно коло од регуларниот дел од сезоната.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 17. КОЛО

СРЕДА, 11 МАРТ

17:00ч

ВАРДАР ЈУНИОР – РАБОТНИЧКИ

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

18:00ч

ОХРИД – МЕТАЛУРГ

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

19:00ч

СТРУГА – МЕТАЛУРГ 2

Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ 62

Сала: Антон Димитров во Скопје. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ЧЕТВРТОК, 12 МАРТ

19:00ч

РАДОВИШ – ПЕЛИСТЕР

Сала: 25 Мај во Радовиш. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Лери Мирчевски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург 44 бода (549:392); 2. Охрид 40 (455:359); 3. Бутел Скопје 37 (429:377); 4. Пролет 35 (510:412); 5. Радовиш 25 (470:470); 6. Вардар јуниор 21 (430:477); 7. Пелистер 17 (409:430); 8. Металург II 7 (437:525); 9. Струга 4 (371:488); 10. Работнички 4 (445:575).`