Суперкуп трофејот заврши кај Чкембари, ќе има големо славје во Битола (ФОТО)

Еурофарм Пелистер го одбрани трофејот во Супер купот откако во драматичен меч во Охрид го победи Вардар со 23-22 (12-12).

Вардарци имаа водство 22-20 на десет минути пред крајот, но предноста на скопјани се стопи и Жарко Пешевски во 56 минута израмни на 22-22 најавувајќи неизвесност и драма во Охрид.

Суси во последната минута му донесе водство на Еурофарм Пелистер од 23-22, додека последниот удар на Вардар заврши во голманот Марко Кизиќ кој му донесе нов трофеј на тимот.

Трофејот по завршувањето на мечот заврши во рацете на капитенот Мирко Радовиќ, кој го „предаде“ кај Чкембари, кои пак сигурно долго во ноќта ќе слават во Битола…