Судииите им подарија победа – признаа непостоечки гол во последната секунда! (ФОТО+ВИДЕО)

Поранешниот шампион на Романија, Валчеа успеа да го совлада актуелниот шампион, ЧСМ Букурешт на свој терен со 31:30. Со победата над ЧСМ Букурешт, Валчеа се вклучува во трката за освојување на шампионската титула во домашниот шампионат.

Во текот на целиот натпревар, Валчеа беше во водство, на моменти имаше и четири гола предност. Гостинскиот тим од Букурешт единствено преку Кристина Неагу се обидуваше целосно да се врати во игра. Првото полувреме заврши со резултат 15:13 за домашната екипа.

Во вториот дел, ЧСМ Букурешт од 45. минута, па се до крајот го израмнуваше резултатот, а на минута пред самиот финиш имаше еден бод во свои раце, откако беше 30:30. Во последните секунди, ракометарката на Валчеа, Миреја Гонзалез биеше кон голот на Грубишиќ, топката во целост не ја мина гол линијата, но судиите го признаа погодокот, и почна големото славје на домаќинките.

Најефикасни од редовите на победничкиот табор беа Жељка Николиќ со седум гола, како и поранешната ракометарка на Металург, Кристина Лишчевиќ со шест гола. Во поразениот табор, Кристина Неагу ги постигна половина од головите за нејзината екипа, вкупно 15. Поранешната ракометарка на Вардар, Барбара Лазовиќ беше стрелец на два гола во поразената екипа.