Стручна анализа: Покажавме карактер и кога играме „топло-ладно“

Последен натпревар во групната фаза против репрезентацијата на Исланд, беше меч што значеше и можност да се освои третото место па можен ривал во осминафиналето да ни биде Норвешка. И пред СП изјавувавме дека ќе биде решавачки за нас.

Освоивме бод кој е еднаков на победа, покажавме карактер кога е најтешко и заслужено сме во 1/8 финалето. Клуч на успехот на овој натпревар е периодот од 40 мин, и нашата игра во одбраната и на голот расположениот Кирил Колев. Го завршивме настапот во групната фаза според планираното , играјќи топло ладно, но со оглед на фактот дека во ростерот имаме шест дебитанти, мала помош од позицијата лев бек и што би рекол еден колумнист од соседството го рушиме законот на гравитација со резултатот кој што го постигнавме во групната фаза.

Мечот го одигравме во стилот „топло-ладно“, започнавме извонредно и не му дозволивме на противникот да игра според посакуваното, и тоа пред се со нашата играта во одбрана.  Имавме четири успешни интервенции на голманот Колев,  и Исланд постигна гол после 7 минути па ние имавме водство од убави 4-0. Но, по само две минути и наша лоша игра во нападот Исланд направи пресврт за водство 5-4.  Но, после добриот почеток, наместо да одиграме во ист ритам, ние попуштивме. Серијата од 9-2 им овозможи на Исланѓаните да имаат водство од 9-6. Тоа беше знак за прв тајм аут на нашиот селектор. Се „размрда“ малку нашата игра, се подобри и играта, а на голот го имавме и расположениот Колев за пристојни 13-15 на полувреме.

Второто полувреме го започнавме исто така со многу грешки во нападот што резултираше со лесни голови на Елиасон, за највисоки 16-21 во 40 мин. и повредата на Миркуловски која што дополнително ги усложни работите. Од тогаш до крајот на натпреварот Македонија покажа карактер, со добра игра во одбраната 6-0 одигравме период во кој направивме серија 7-1 , но притоа го загубивме и Манасков, за на две минути пред крајот да поведеме со 26-25, и влеземе во неизвесна завршница при тоа, при резултат (27 -27), аргентинските судии кои не се снајдоа на натпреварот досудат сомнителни чекори на Лазаров и дозволат Исланд да го има последниот напад за победа кој за наша среќа, заврши неуспешно за конечни (27-27), а  Колев го одбрани ударот на Закрисон.

Искрено се надевам дека рушејќи го законот на гравитација ќе ја срушиме и екипата на Норвешка и ке бидеме патници во ¼ финалето .

За кого !!! За Македонија !!!

Стевче Алушовски