Стружанка лесно до победа против Ѓорче Петров

Екипата на Стружанка продолжува со добрите игри во Женската лига и ја забележа осмата победа откако на домашен терен беше подобра од составот на Ѓорче Петров со 26:23.

Стружанка отвори со 2:0, потоа беше и 6:3 и сигурно ја контролираше играта и резултатот. До крајот на првиот дел без многу проблеми домашниот тим усепа да обезбеди солидна предност од 14:10.

Почетокот на второто полувреме беше клучен за победникот на овој натпревар, ракометарките на Ѓорче Петров имаа проблеми со реализацијата што домашните ракометарки го искористија и направија предност од шест гола.

Стружанка рутински го водеше натпреварот кон победа, имаа највисоко водство од 24:17, а во завршницата ракометарките на Ѓорче Петров само успеаја да го ублажат поразот.

Најефикасна во составот на Стружанка беше Магдалена Делиоска со осум гола, а веднаш зад неа беше Теодора Дукоска со седум погодоци. Во составот на Ѓорче Петров најмногу се истакнаа Ангела Цветановска со седум гола и Ања Велкова со пет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167