СТРУГА 2022: Струга – домаќинот посакува достојно претставување против поискусните ривали

Во деновите што следуваат тимот на 24Ракомет ќе почне со одборјување до почетокот на јубилејното 50. издание, на најпознатиот македонски ракометен турнир што се одржува во Струга. Секојдневно преку различни текстови ќе ви ги претставиме сите екипи учесници, нивните очекувања, историјатот на турнирот, интересни детали за турнирот...Се гледаме во Струга!

На Стрѕушкиот турнир, единствена екипа што секоја година настапува е токму домаќинот Струга. Оваа година стружани ќе бидат во група со Еурофарм Пелистер, Татран Прешов и АЕК Атина и ќе се обидат да се прикажат во добро светло.

Екипата лани го осигура местото во суперлигашкото друштво, но ќе претрпи големи промени во играчкиот состав. Заминаа левото крило Славе Јанковски, голманот Василије Печурица, пивотот Пеце Ѓорѓиески и бековите Владан Кастратовиќ и Жарко Барјактаревиќ.

Тимот досега се засили со средниот бек Петар Бугариновиќ од Србија и со пивотот Богдан Ѓуровиќ од Црна Гора, а големо засилување ќе биде и некогашниот македонски репрезентативец Велко Маркоски, кој ќе се обиде да му помогне на својот матичен клуб на залезот на кариерата.

„Сакаме што подобро да се претставиме на турнирот, но се работи за релативно нова екипа и првичната цел ќе биде воигрување. Се надевам дека ќе видиме една нова Струга што ќе игра брз и модерен ракомет и ќе има многу млади ракометари во ростерот“, вели Жарко Ферукоски.

Десното крило Бобан Блажески очекува добар настап на Струга.

„Наша цел ќе биде да одиграме најдобро што можеме без оглед што се работи за доста подмладена екипа, сепак ќе се обидеме да бидеме достоен ривал за поискусните противници во групата“, вели Блажески.

клучни играчи: Велко Маркоски, Бобан Блажески, Петар Маркоски

натпревари на Струга на турнирот во Струга
Еурофарм Пелистер  (16 август),
AЕК Aтина (18 август),
Татран Прешов (19 август)

Повеќе детали за турнирот во Струга, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… можете да најдете во делот за СТРУГА 2022 на www.24rakomet.mk во главното мени на страната.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.