СТРУГА 2020: 14 екипи и осум земји си заминувале со трофеј од Струшкиот турнир

Само 14 екипи можат да се пофала дека успевале да победат на струшкиот турнир. На досегашните 47 изданија тие доаѓале од осум различни земји, а со оглед на тоа што годинава нема гости од другите земји ова ќе биде 32. круна за Македонија за која пет состави успевале да го однесат пехарот.

Меѓу тимовите кои си заминувале со трофејот од Струга од домашна сцена се Вардар, Пелистер, Т. Бренд, Металург, В. В. Тиквеш и домаќинот Струга. Две екипи биле од Србија, а станува збор за Металопластика и Железничар Ниш, кои заедно имаат шест трофеи, додека четири трофеи за БиХ има Борац од Бања Лука во своите големи денови во минатото во периодот додека постоеше Југославија.

Три трофеи има Франција кои се освоени во последните пет години, а по еден имаат Турција, Словенија, Грција и Косово.

ЗЕМЈИ КОИ ПОБЕДУВАЛЕ НА СТРУШКИОТ ТУРНИР

31 – Македонија

5 – Србија

4 – БиХ

3 – Франција

1 – Турција, Словенија, Грција, Косово