ДРАМА во финишот: Струга за гол подобра од Металург 2

Екипите на Струга и Металург 2 одиграа интересен и неизвесен натпревар од почеток до крај во рамки на 17. коло од Супер лигата. Во финишот подобро се снајде домашната екипа и освои важни бодови со победата од 24:23.

Првото полувреме беше потполно израмнето, и двете екипи имаа водство но тоа беше само минимално. Ниту една екипа немаше повисоко водство во првиот дел. По 30 минути игра Струга водеше со 12:11.

На почетокот на второто полувреме домашната екипа влезе подобро и поведе со 15:12, но Металург 2 брзо возврти стигна до израмнување и дури поведе со 20:19.

До крајот се играше максимално израмнето, но во финишот подобро се снајдоа ракометарите на Струга. Металург 2 имаше напад за нерешено, но не успеа да реализира.

Најефикасен во тимот на Струга беше Дарио Симоноски со седум гола, додека во екипата на Металург 2, Давор Шокоски со осум гола беше прв стрелец.

СТРУГА – МЕТАЛУРГ 2  24:23(12:11)

Сала: Нико Нестор во Струга. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски. Делегат: Камер Металари.

СТРУГА: Стојаноски, Маркоски, Кузманоски 4, Крстаноски 5, Белистојановски, Спасески, Јанкуловски 3, Стојаноски, Димитријески 1, Мечкароски, Рајатоски 3, Костоски, Симоноски 7, Трајкоски 1, Новаковиќ, Мекич.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 10 мин.

МЕТАЛУРГ 2: Михајлов, Фидановски, Трајковски, Мелоски 2, Кофилоски 4, Савковиќ, Шокоски 8, Ацевски, Митиќ 2, Таневски, Стоилевски 3, Прцуловски, Стојановиќ 4, Гајиќ, Додиќ, Ефтимов.

Седмерци: /. Исклучувања: 6 мин.