Странците се приклучија, Металург продолжува со подготовките за новите предизвици (ФОТО)

Тренерот на Металург, Оливер Димитриоски, од денеска на располагање ги има и странските ракометари, кои по обврските со своите репрезентации и краткиот одмор, му се приклучија на тимот. Дојдоа Марко Тарабокија, Никола Потиќ, Стефан Додиќ и Бранко Канкараш, па останува да се комплетира тимот со Мартин Серафимов и Златко Хорват, кои се на СП во Египет.

Веќе в сабота Металург ќе го одигра првиот пријателски натпревар. Во „Јане Сандански“, со почеток во 12:30 часот, се игра средбата со Вардар. На 25 и на 26 јануари, Металург ќе патува во Пеќ, каде ќе игра двомеч со Беса Фамгас, а на 29 јануари во Автокоманда ќе биде домаќин на екипата на Тиквеш.

Првата официјална обврска на Металург за пролетниот дел е на 9 февруари, кога дома ќе ја пречека екипата на Тулуз. Потоа треба да одигра уште две средби со Висла Плоцк, две со Чеховски Медведи и со Адемар Леон на домашен терен. Потоа металурзи ги чекаат обврските во Купот на Македонија и во суперлигашкиот плеј-оф.