Стојаноски: Не одиме со бело знаме во Охрид, треба да внимаваме на нивните брзи крила

Големите ривали Охрид и Струга утре по вторпат оваа сезона ќе ги одмерат силите во  Суперлига на Македонија.

Без оглед на моменталната состојба на табелата, на која Охрид е на првото место и извесно е дека ќе игра во плеј-офот, а Струга во борбата за опстанок, езерското дерби секогаш има посебен шмек. Денеска се очекува поголема шанса да добијат помладите ракометари од двата тима.

„Ситуацијата во клубот се стабилизира со упорност на тренерот Наум Танески и нас играчите кои останавме и решивме да се бориме за опстанокот во Суперлигата. Атмосферата се врати во клуот. Донесовме засилувања и опстанокот во ниеден момент не треба да биде доведен во прашање. Како и на секој натпревар, така и на езерското дерби посакуваме да одиграме барем едно ниво погоре од претходниот натпреавр. Во Охрид најголемата опасност ќе доаѓа од нивните брзи крила и контра напади. Имаат и добра одбрана, но ние не одиме со бело знаме. Добро ги познавам и играчите и тренерот, сигурен сум дека ќе влезат со 100% од своите можности на овој натпревар“, изјави голманот на Струга, Александар Стојаноски.

Натпреварот меѓу Охрид и Струга ќе се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид со почеток во 19:00 часот.