Стојаноски и Тиквеш се разделија – голманот ќе има нов предизвик

Искусниот чувар на мрежата Александар Стојаноски во новата сезона ќе има нов предизвик и нема да го продолжи својот престој во Тиквеш од Кавадарци.

За Стојаноски интерес има од неколку македонски суперлигаши, кои го посакуваат во своите редови, а наскоро треба да биде познат неговиот нов клуб.

Стојаноски во својата кариера настапуваше и за екипите на Јуниор КВ, Младост Богданци, Борец, Макс Струмица, Охрид и Струга.

Со екипата од Струмица играше на европска сцена и во СЕХА лигата. Во минатата сезона се покажа во солидно светло на голот на кавадарчани.

Претходно составот на Тиквеш го напушти левиот бек Јане Јанчев и тренерот Горан Андоновски. Раководството на клубот ги продолжи договорите со Страхина Симиќ и Никола Стефановиќ.