Стојановиќ ќе прозива, кадетите на прв собир пред ЕХФ шампионатот

Денеска во 13:00 часот, машката кадетска репрезентација на Македонија ќе го има првиот собир пред настапот на ЕХФ шампионатот во Летонија.

Селекторот Раде Стојановиќ на поширокиот список стави 30 ракометари, а дел од нив ќе бидат во комбинација и за настап на младинскиот ЕХФ шампионат во Бугарија.

Кадетите се во група со домаќинот на турнирот, Летонија, како и Турција и Косово, а доколку обезбедат трофеј, ќе имаа тројна добивка.

Ќе обезбедат учество на ЕП за кадети и младинци во 2024 година, како и кадетскиот Мундијал во 2023 година што ќе се игра во Хрватска.

ЕХФ шампионатот ќе се игра во Летонија од 8 до 14 август.