Стоилов: Ќе дадеме максимум, но Монпелје е фаворит в сабота

Пред натпреварот против екипата на Монпелје, капитенот на екипата на Вардар, Стојанче Стоилов имаше краток коментар во однос на она што се очекува на терен.

Тој ја префрла улогата на фаворит на страната на противникот и вели дека Монпелје е во предност на средбата која треба да се одигра в сабота во СЦ „Јане Сандански“.

„Ситуацијата е таква каква што е. Играме дома против Монпелје кој е апсолутен фаворит на средбата. Наше е дадеме сè од себе на терен и да се обидеме да извлечеме колку е можно подобар резултат и да ги изненадиме“, изјави Стоилов.

Натпреварот в сабота се игра од 17:30 часот, а тоа е последната средба сезонава во групната фаза за ракометарите на Вардар.