Стоилов: Ние сме европски прваци, а односот кон нас е смешен

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов ја објасни ситуацијата во која тимот се наоѓа во моментов, а неговите зборови дека играчите не знаат на што се и никој ништо не им кажува доволно зборува што и како се случува.

„Не е ништо ново она што се случува во клубот, не е ново ништо и за проблемите бидејќи се влече некое време. Не знаеме што ќе се случува. Реално никој ништо не знае, а никој не кажува. Може ова ќе бидат едни од последните натпревари. Наше е да дадеме максимум и да го победиме Мотор за клубот, навивачите, за градот и да се помачиме уште малку“, коментираше Стоилов.

Тој го кажа своето мислење за заминувањето на Атман и Кристопанс.

„Никој не може да им забележи на ракометарите што си заминаа. Ние сме актуелен првак, а односот кон нас е смешен“, рече Стоилов.

Вардар в сабота ќе настапи во ослабен состав, но оние што останаа ќе мора да го дадат најдоброто.