Стоилов: Ние промашувавме, тие си погодуваа…

Македонија загуби во второто коло на Европското првенство во Австрија од селекцијата на Чешка. Пивотменот Столе Стоилов вели дека нашите промашувања од зицер ситуации беа клучни.

„Што беше прсудно? Денеска ние промашивме, тие погодуваа кога требаше. Клучно беше тоа што требаше да даваме голови кога ни се укажуваа шанси“, вели Стоилов.

За нас сега останува последниот натпревар на 14 јануари против домаќинот, на кој ни одговара само победа доколку сакаме место во втората фаза.