Стоилов за 24Ракомет ТВ: Да се биде или не… (ВИДЕО)

Еден од најголемите борци во овој состав на Македонија и еден од најискусните во тимот, Стојанче Стоилов имаше добри партии.

Тој им покажува на помладите како се игра во националниот дрес и дефинитивно неговите игри во дресот со државниот грб се секогаш на максимум.

Од Стоилов се очекува и денеска да го одигра најдоброто, а самиот добро знае како треба против Австрија бидејќи и досега има играно против нив.

„Овој натпревар за нас денеска е да се биде или не. Сега треба да видиме, до каде сме, што сме и кои сме. Ги бркаме тие два гола разлика, но според мене треба гол по гол и на крајот да дојдеме до победа“, изјави Стоилов за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.