Стипе Мандалиниќ е МВП на грчкиот шампионат

Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ е избран за МВП на сезоната во грчкиот шампионат.

Левиот бек од Хрватска беше меѓу најдобрите ракометари на АЕК Атина и меѓу клучните фигури во освојувањето на титулата.

Тој имаше одлични партии, особено во финалниот плеј-оф против екипата на Олимпијакос.

Покрај Мандалиниќ, кој освен титулата МВП, е најдобар лев бек, во идеалниот тим влегоа уште шестмина ракометари на АЕК.

Има по еден од Олимпијакос, Драма, Едеса. Интересно е што членот на Драма, Тоскас победи во три категории – најдобар десен бек, најдобар млад играч и најдобар стрелец.