Стартува ИХФ неделата – светската куќа на ракометот се пофали со новото лого (ФОТО)

Во првиот ден од ИХФ неделата која ќе трае до другиот викенд, Светската ракометна федерација го промовираше новото лого.

По стапките на ЕХФ, така и ИХФ се реши за модернизација на постоечкото лого, чија основа е иста од претходно.

Во текот на ИХФ неделата ќе бидат прогласени и најдобрите ракометар, ракометарка и тренер за 2019 година.