Херона со прв потег – ќе ги враќа во репрезентацијата Абутовиќ, Вујин, Ѓорѓиќ…

Српската ракометна федерација го промовираше новиот селектор Тони Херона, кој ќе биде првиот странски предводник во историјата.

Веќе извесно е дека во националниот тим ќе се врати членот на Веспрем, Петар Ненадиќ, а Херона најавува камбек и на Абутовиќ, Вујин, Ѓорѓиќ…

„Се видов со Петар, ние се познаваме уште додека тој играше во Барселона. Бевме на кафе во саботата. Тој се слушнал со Абутовиќ, Вујин, Ѓорѓиќ и во овој момент може да се каже дека сите се подготвени да се вратат назад. Потребни ни се најквалитетните во дадениот момент. Штета е Ненадиќ, најдобриот играч во Лигата на шампионите да не игра за репрезентацијата“, вели Херона за „Журнал“.

Првата акција за Херона и Србија ќе бидат квалификациите за пласман на Европското првенство во Унгарија и Словачка во ноември.