„Среќен сум што ракометот конечно се врати на терен“

Првиот полуфинален дуел од СЕХА лигата најави интересен викенд во Задар, а на овој дуел ракометарот кој донесе предност беше голманот Родриго Коралес кој со 15 интервенции беше клучната фигура, а особено добро одигра во второто полувреме.

После средбата имаше свое видување на играта.

„Среќен сум дека ракометот конечно се врати на терен. Се подготвивме за играчите на Мешков Брест. Одбраната во вториот дел беше подобра. Почеток на сезоната е и има простор за напредок. Се надевам на најдоброто и далеку подобра игра во финалето в недела“, изјави голманот на Веспрем.

Играчот на Мешков Брест, Марко Паниќ има свое гледање на играта на овој интересен натпревар.

„Првото полувреме го одигравме одлично. Имавме одлична одбрана, а и голманите беа на ниво. Нападот го игравме шаховски добро. Бевме подготвени. Во првото полувреме иако резултатот беше 13:12 за нас игравме подобар ракомет, но Веспрем ги искористи шансите и дојде до лесни 3-4 гола и остана близу со резултатот. Индивидуалниот перформанс на играчите на Веспрем пресуди во второто полувреме и овој тим дојде до победата и пласман во финалето“, изјави Паниќ.

Мешков Брест в недела од 18 часот ќе игра во дуелот за 3. место, додека Веспрем е во финалето од 20:30 часот.