Србија, Хрватска, Словенија…слават пласман на СП

Денес се одиграа осум дуели од реванш баражите за пласман на Светското првенство 2023, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

По Украина и Чешка, пласман на Мундијалот обезбедија репрезентациите на Србија, Германија, Словенија, Хрватска, Полска, Унгарија, Романија и Шпанија.

Репрезентациите на Србија, Словенија и Хрватска имаа ривали по мерка и многу лесно обезбедија мундијалски билет.

Германија со двете убедливи победи над нашиот јужен сосед повторно ќе биде меѓу најдобрите светски репрезентации, додека Шпанија во баражот потешко од очекуваното ја мина Австрија.

На Светското првенство место обезбедија и Унгарија, која за ривал ја имаше незгодната репрезентација на Исланд.

За потсетување, репрезентацијата на Македонија во баражот на двапати беше поразена од Украина.

Црна Гора со освоеното трето место на Европското првенство 2022 си обезбеди директен пласман.

Бараж за СП, резултати од реванш дуелите:

Грција – Германија 20:36 (11:20)

Словенија – Италија 33:21 (18:13)

Србија – Турција 32:25 (16:15)

Хрватска – Словачка 31:18 (17:10)

Унгарија – Исланд 34:28 (17:14)

Косово – Полска 20:32 (12:17)

Шпанија – Австрија 26:24 (11:12)

Португалија – Романија 24:28 (8:13)