Србите се премислија – со Македонија требаше да се игра пред публика, ама…

Иако вчера Ракометниот Сојуз на Србија, најави дека ќе има можност за гледачи на пријателските натпревари против Македонија, сепак нема да биде така.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Србија, што се игра денеска во салата „Чаир“ во Ниш, ќе биде од затворен тип, додека на вториот требаше да има публика, но ќе се игра пред празни трибини.

Во спортската сала во Ниш тече и вакцинацијата против коронавирусот, а со оглед на тоа дека е викенд, сигурно ќе има многу луѓе, па РСС реши да не ризикува и да ја повлече претходната најава.

Првиот меч се игра денеска од 18:00, додека утре натпреварот е на програмата од 16:00 часот.