СП 2021 Група А: Европските моќници против дебитантите на СП

Групата А на 27. Светско првенство во Египет 2021 година е составена од репрезентации од три континенти, а тука се и двете дебитантски репрезентации од вкупно три на првенството Уругвај и Капе Верде (Зеленорските острови). Во групата А уште се и трикратниот светски првак Германија и двократниот финалист Унгарија.

Уругвај и Капе Верде за првпат се на светско првенство и до сега немаат меѓусебни дуели ниту дуели со европски репрезентации со оглед на тоа што се од различни континенти.  Уругвај се пласираше како третопласирана репрезентација на шампионатот на Јужна и Централна Америка, додека Капе Верде го обезбеди својот билет за Мундијалот како петопласирана селекција на афричкото првенство во 2020 година.

Натпреварите во групата А започнуваат на 15. јануари и веднаш ќе добиеме слика како дебитантите ќе се справат со фаворизираните европски репрезентации. Сите кои следат ракомет во изминатите години знаат дека Германија е една од најдобрите репрезентации за гледање и е еден од главните фаворити за титулат во Египет и покрај бројните откажувања на играчи. Германија е европски шампион од 2016 година, а потоа следеше освојување на бронзен медал на Олимписките игри 2016. Германија на претходното Светско првенство во 2019 година го освои четвртото место, а на последното големо натпреварување во 2020 година на ЕП го освија петото место.

Помалку забележителен е подемот на Унгарија, но секој кој го следеше Европското првенство во 2020 година ќе знае колку Унгарците се опасни. Со просечна возраст под 25 години селекцијата на Унгарија беше најмлада на последното ЕП. Унгарија ги победи Русија и Исланд, додека со подоцна освојувачот на СП, Данска одигра нерешено. Унгарците со овие резултати беа многу блиску да обезбедат полуфинале, но на крајот завршија само да деветото место на првенсвото.

После ЕП 2020, единствените официјални натпревари што се играа во Европа се квалификациските дуели за следното ЕП на кое домаќин е Унгарија. Унгарците се директно квалификувани како домаќини и играат во Евро Купот. Започнаа со победа против Шпанија и тесен пораз од Хратска. Овие резултати покажуваат дека младата селекција на Унгарија мора сериозно да се сфати.

На хартија главни фаворити и битката за првото место ќе ја водат Германија и Унгарија, додека Уругвај и Капе Верде ќе се борат за третото место кое води следната фаза. На првите натпревари од групата А ќе се сретнат Германија и Уругвај, а потоа и Капе Верде со Унгарија. Во второто коло Капе Верде ќе игра со против Германија, додека Унгарија и Уругвај ќе ги одмерат силите. Третото коло се очекува да биде одлучувачко за првото место каде што ќе решаваат Унгрија и Германија и за трето место ќе се игра дуелот помеѓу Уругвај и Капе Верде.

Од оваа група единствени репрезентации кои досега имаат меѓусебни дуели на официјални натправери се Германија и Унгарија. На вкупно 60 натпревари Германија триумфирала на 33 меча, додека Унгарија победила 16 пати, а 11 натпревари завршиле нерешено. Последната победа Унгарија против Германија ја има на пријателсики натпревар во 2012 година, а оттогаш Германија победи на четири меѓуебни дуели од кои последен беше на Светското првенство во 2017 година.

До сега на светските првенства Германија има вкупно 25 учества со освоени три шампионски титули во 1938, 1978 под името Западна Германија и во 2007 година. И покрај откажувањата на неколку ракометари сепак Германците имаат силен тим и многу квалитетни индивидуалци. Меѓу нив се голманот Андреас Вулф, Уве Генсхајмер и Тимо Кастенинг. Германците се први фаворити во групата А и ќе се обидат да стигнат чекор подалеку од минатото светско првенство кога завршија на четвртата позиција.

ГЕРМАНИЈА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиТежинаНатпревари
3gerУве Генсхајмерлево крило118814905
6gerФин Лемкелев бек021001150
8gerТим Зутонцентрален бек01910900
9gerТобијас Рајхмандесно крило01883841
12gerСилвио Хајнефетерголман01940993
15gerКристијан Дисингерлев бек020201020
15gerЈури Кнорцентрален бек11905944
19gerМариуш Штајнаузердесно крило01870850
21gerДарио Квенштетголман01930980
22gerМаријан Михалчикцентрален бек019921003
24gerПатрик Грецкидесно крило01891844
27gerАнтонио Мецнердесен бек020701051
32gerФранц Земпердесен бек01900920
38gerФабијан Бемлев бек41984975
42gerМориц Пројспивот01940951
61gerХендрик Пекелерпивот020301010
77gerДавид Шмитдесен бек11909925
80gerЈаник Колбахерпивот019301050
93gerПатрик Цикерлево крило01860860

Унгарија во минатото има 21 учества на светските првенства од кои најголемиот успех го има забележано на првенството во 1986 година кога го освоија сребрениот медал. Во репрезентацијата на Унгарија има многу врвни ракометари, а како главни предводници се сметаат голманот Роланд Миклер, организаторот на играта Мате Лекаи и пикерот Бенце Банхиди. Унгарија обезбеди пласман на СП како деветопласирана репрезентација на ЕП 2020 бидејќи баражите подоцна беа откажани заради коронавирусот.

УНГАРИЈА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиТежинаНатпревари
4hunХуба Вајдапивот019301120
7hunБендегуз Бокалево крило11936855
8hunПетер Ковачичлев бек01880700
21hunЗоран Илиќдесен бек01970860
26hunАријан Андоголман01890830
28hunМартон Варгалев бек01880820
31hunБенце Шучпивот020601340
34hunМарсел Габорлев бек01970950
35hunАндраш Кончлев бек01880880
45hunДавид Уборњакцентрален бек01840840
55hunЧаба Лајметердесен бек019501010

Уругвај за првпат ќе настапи на едно Светско првенство и ова ќе биде вистински историски момент за оваа репрезентација. Тие се пласираа со освојување на третото место на шампионатото на Јужна и Центална Америка. Главни играчи во тимот се Максимо Канцио (бек), Габриел Чапаро (пикер), Алехандро Веласко (лево крило), Николас Фабра (десно крило) и Фелипе Гонзалез (голман).

УРУГВАЈ

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиТежинаНатпревари
1uruЛуис Фелипе Наваретеголман01890903
2uruГабриел Чапаропивот419361105
4uruФакундо Листонпивот01938955
9uruНиколас Фабрацентрален бек118611054
10uruГабриел Спангенбергдесен бек11831954
11uruДиего Фалабрино Мединацентрален бек01780743
12uruАндрес Виераголман01841832
13uruМаксимо Естебан Кансиодесен бек219017955
15uruБруно Мендезпивот019031204
16uruФелипе Гонзалесголман01771765
17uruДиего Морандеирадесен бек018612845
19uruРодриго Ботехарацентрален бек01736705
20uruФедерико Руболево крило11836905
22uruСебастијан Весинолев бек019541053
24uruАлехандро Веласколев бек01834984
26uruМатијас Ечеверилево крило01800802
34uruХеронимо Гојоагадесно крило11778784
36uruКристијан Ростањо Риослево крило01786805
40uruМаксимилијано Де Агреладесен бек01834833
74uruГиљермо Милан Флореслево крило01740863

И за репрезентацијата на Капе Верде настапот на Светското првенство ќе биде најголемиот ракометен усепех на земјата. Тие обезбедија пласман на првенството со освојување на петото место на африканскиото првенство и за првпат ќе имаат можност да се спротивстават на моќните европски репрезентации. Клучни играчи во тимот се Делсио Пино (бек), Леандро Семедо (бек), Иво Сантос (бек), Елисио Фернандез (голман), Едмилсон Араухо (лев бек).

ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиТежинаНатпревари
1cpvЛуис Алмеидаголман01840901
2cpvЖил Баијано Дос Сантосцентрален бек01880801
3cpvДелкио Пиналев бек01982981
4cpvИво Сантоспивот020001000
5cpvЕдмилсон Араухолев бек01872931
6cpvЛеонардо Семедолев бек019461051
7cpvФлавио Фортесдесно крило01940880
8cpvРуи Лопезлев бек01870760
9cpvЕдмилсон Рибеиродесен бек01880820
10cpvБруно Ландимдесен бек01930950
11cpvФернандо Диаслев бек01920880
12cpvЕлчио Фернандесголман019601051
13cpvПауло Моренопивот019731001
14cpvПауло Андрадедесен бек01820750
15cpvАлександре Переиралево крило21862801
16cpvЖошимар Таварешголман01750700
17cpvРафаел Андрадедесен бек01960940
18cpvЏуниор Соаресголман01750770
19cpvАдмилсон Есталини Фуртадодесно крило11775781
23cpvГилсон Кореиалево крило01750720
25cpvЛеонардо Мартинслев бек01880850
29cpvФелисберто Ландимпивот019721191
30cpvЕледи Семедоцентрален бек01870930
31cpvАлексис Мирандалев бек01860780
32cpvЕдилсон Мораислево крило01880840
33cpvАндерсон Рочалев бек01890780
44cpvГуалтер Фуртадоцентрален бек11855941
45cpvВилсон Пинтодесен бек01890900
55cpvЕриксон Дуартецентрален бек01870880
66cpvФред Вилсон Дос Сантослев бек01870800
108cpvКлеивис Бритодесно крило01880780