СП кадетки: Ќе се разгори битката за титулата, познати сите четвртфинални двојки

Со комплетирањето на второто коло од главната рунда на Светското првенство за кадетки, кое се одржува во Македонија, познато е кои репрезентации ќе играат во четвртфиналето.

Пласман во четвртфиналето обезбедија репрезентациите на Исланд и Шведска од групата А, Данска и Египет од групата Б, Јужна Кореја и Холандија од групата Ц и репрезентациите на Унгарија и Франција од групата Д.

 

 

Четвртфинални двојки:

Исланд – Холандија

Данска – Франција

Јужна Кореја – Шведска

Унгарија – Египет

Како што е веќе познато Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 12 место заедно со репрезентациите на Германија, Хрватска и Норвешка. Прв ривал во тоа разигрување ќе ни биде селекцијата на Германија, која заврши на третата позиција во групата 3 од главната рунда.

Доколку победиме, ќе играме со победникот од дуелот меѓу Хрватска и Норвешка за 9 место, а доколку загубиме ќе играме против поразениот од тој двобој за 11 место.

За пласман од 13 до 16 место ќе играат репрезентациите на Иран, Романија, Португалија и Бразил. Во првите дуели, Романија ќе игра против Иран, а репрезентацијата на Португалија против Бразил. Победниците од двата дуели ќе играат за 13. позиција, додека поразените за 15 место.

Освен натпреварите од главната рунда, денес се одиграа и осум натпревари од последното коло од Президент Купот.