Спортскиот директор ќе го води Мешков Брест

Тренерот на белорускиот шампион, Дани Гордо поради позитивен тест на ковид 19 не отпатува во Норвешка и нема да го води мечот на Мешков Брест против Елверум.

Гордо во наредниот период ќе остане во самоизолација во белорускиот град Брест. Стручниот штаб на Мешков Брест за натпреварот против Елверум ќе го сочинуваат асистентот на Гордо, Нуњо Фарелу, како и спортскиот директор на клубот, Павел Башкин.

Мешков Брест ја игра најлошата сезона во Лигата на шампионите. Моментално, клубот се наоѓа на последното место во Групата А, има биланс од седум порази и едно реми.

Ракометарите на Мешков Брест натпреварот против Елверум ќе го одиграат на 1 декември со почеток од 18:45 часот.