Спортинг остана без десното крило: Јонеа по 13 години се врати во Динамо Букурешт

Искусното десно крило Валентин Јонеа, кој последните две сезони беше член на португалскиот тим Спортинг Лисабон, ќе има нов предизвик.

Романскиот репрезентативец се враќа во татковината и потпиша договор на две години со шампионот Динамо Букурешт.

Јонеа беше член на Динамо од 2005 до 2007 година, играше и за Констанца, а потоа имаше интернационална кариера во ПИК Сегед, Висла Плоцк и Спортинг.

Со неговото заминување во португалскиот тим се отвора место за српското десно крило Дарко Ѓукиќ.