Спортинг договори поранешен играч на Металург, доби ракометар со искуство во ЛШ

Екипата на Спортинг од Лисабон доби големо засилување за следната сезона во поранешниот ракометар на Металург и репрезентативец на Србија, кој одлучи да си замине од екипата на Мешков Брест.

Десното крило, 25-годишниот Дарко Ѓукиќ потпиша за составот на Спортинг и во новата сезона ќе биде сигурно од голема помош за тимот кој ќе се обиде со Порто и Бенфика да се бори за титулата.

Ѓукиќ има веќе солидно искуство зад себе од настапите во Лигата на шампионите така што сигурно ќе биде од голема помош за Спортинг.

„Многу сум среќен што дојдов во така голем клуб. Го одбрав Спортинг затоа што тоа е најдобриот клуб во Португалија. Дојдов тука за да освојувам титули. Досега секаде што сум играл сум бил шампион“, вели Ѓукиќ за клупскиот сајт.

Покрај него тимот на Спортинг договори и десен бек од Германија. Јенс Шонгарт доаѓа на местото на Марко Вујин, додека Арно Бинго го продолжи договорот.