СПЕКТАКЛ во најава: Веспрем против Кил на 30 август, проштален натпревар за Штербик, Илиќ, Наѓ…

По неколку месеци преговори, унгарскиот шампион Веспрем успеа да договори ревијален натпревар против Кил на 30 август.

Главната вест е што тој натпревар ќе биде проштален за легендите Ласло Наѓ, Момир Илиќ, Арпад Штербик и голманот Нандор Фазекаш.

На тој дуел треба да има официјално збогување со Мирсад Терзиќ, Драган Гајиќ, Борут Мачковшек и Павел Пачковски, кои веќе се подготвуваат со новите клубови.

Следните денови ќе има информација за тоа дали и колку гледачи ќе можат да бидат присутни во „Веспрем Арена“, како и за саатницата на натпреварот.