Спартак го совлада Кузман Вардар, оди на пресметка со Металург за Ф4 во Купот

Во втората Куп пресметка во А групата, Спартак беше убедлив против Кузман Вардар со 28:18 и обезбеди финале од својата група.

Гостинската екипа на Александра Кузмановска одигра солидни 20 минути од натпреварот, но во преостанатиот дел немаше доволно сили да се спротистави на поискусната екипа на Спартак.

Почетокот на натпреварот донесе интересна борба при резултат 4:4. Ракометарките на Спартак предводени од Василева со серија од неколку голови го зголемуваа водството од минута во минута. Спартак проблемите ги реши во последните десет минути и замина на полувреме со позитива од 18:11.

Домашната екипа потврди дека е фаворит во овој натпревар во второто полувреме со одличната реализација, иако и двете екипи направија доволен број на технички грешки.

Победничката екипа беше предводена од Симона Василева со осум погодоци. Во младата екипа на Кузман Вардар, Ангеловска Вања и Јована беа стрелци на четири погодоци. Спартак во утрешното финале во А групата силите ќе ги одмери со Металург, кој славеше над Шампион.