Со еден тим во Скопје, со друг во Битола

Екипата на Мешков Брест утре од 17 часот ќе го одигра мечот од 6. коло од Лигата на шампионите против Вардар, а веќе во вторник следува и дуел од СЕХА-лигата против тимот на Еурофарм Работник во Битола.

Сепак, тимот со кој шампионот на Белорусија ќе игра утре во Скопје и во вторник во Битола нема да биде ист. Планот на тренерот на Мешков Брест, Раул Алонсо е во Македонија да задржи петмина од оние кои се дојдени за дуелот против Вардар.

Во Македонија до вторник остануваат Мацкевич, Обрадовиќ, Андреев, Селвешјук и Валјупов. Од Белорусија дополнително доаѓаат Сандро Обрановиќ, Александар Бочко и Егор Будејко од првиот тим. Другиот осуммина ќе бидат од вториот тим на Мешков Брест, кој го води Андреј Мохалов.

Причината е во желбата екипата да се подготви за следниот дуел од Лигата на шампионите на кој Мешков Брест се соочува со составот на Веспрем.