Со Вардар стана европски првак пред две сезони, сега ќе игра за ЦСКА Москва!

Десниот бек Дмитри Киселев ќе има нова средина во новата сезона. Тој по две сезони заминува од Чеховски Медведи, но ќе остане во татковината.

Русинот се сели во најголемиот ривал на „мечките“ – ЦСКА Москва, со која потпиша договор за следната сезона, во која тимот од престолнината ќе има уште поголеми амбиции.

Киселев беше член на Вардар во сезоната 2018/19 и стигна до титулата во Лигата на шампионите.

Потоа се врати во Чеховски Медведи и таму две сезони беше меѓу најдобрите стрелци. Претходно има настапувано и за Нева Санкт Петербург.