Скандинавците се тестираа пред СП – Данска со пресврт ја победи Норвешка

Светскиот првак Данска славеше во пријателски натпревар пред Мундијалот во Египет над соседот Норвешка со 31-28.

Иако во Колдинг, домашните губеа со 12-15, сепак во вториот дел селекцијата на Данска направи комплетен пресврт.

Најпрво избраниците на Николај Јакобсен израмнија на 17-17, а потоа со три гола во серија поведоа со 20-17 и немаа проблем до крајот да ја задржат предноста.

Данска на СП ќе игра против Бахреин, Конго и Аргентина, додека Норвешка во Египет ќе има малку потешка група со Франција, Австрија и САД.