Сопруга на белоруски ракометар има коронавирус, а федерацијата мува не ја лази – првенството мора да продолжи!

Белоруското првенство е единственото што се игра во моментите кога сите земји се борат со коронавирусот. Иако и во Белорусија има околу 5.000 заразени, таму нема ниту карантин, а камоли полициски час.

Ракометарот на Машека Могилев, Владислав Барилов кој има 22 години е во карантин со оглед на тоа што неговата сопруга била позитивна на коронавирус.

Сепак неговите соиграчи нема да одат во самоизолација, редовно ќе ги продолжат тренинзите и ќе го одиграат натпреварот против Мешков Брест.

Тој е на програмата в среда, со почеток во 15:00 часот во Могилев. Се очекува реакција за овој случај од страна на Мешков Брест, бидејќи сигурно на ракометарот на шампионот нема да им биде сеедно да излезат на терен.