Словенците внимателни пред двобојот со „лалињата“

Репрезентацијата на Словенија покрај настапот на Светското првенство, оваа недела ја очекуваат и квалификациски натпревари за Европското првенство во 2022 година.

На 6 и 10 јануари, репрезентативците на Словенија за противник ќе ја имаат Холандија. Иако изгледа како лесен противник, селекторот на Словенија Љубомир Врањеш е претпазлив, и истакна дека Холандија е репрезентација која е незгодна со контранападите.

„Направивме пет тренинзи. Момците завршија добра работа и ние сме на добар пат. Кога гледам на нас како тим тогаш сум задоволен. Се уште нѐ сме ја разработиле точната тактика за репрезентацијата на Холандија. Сепак овие два натпревари мора да ги сфатиме сериозно. Холандија добро игра од контранападите, затоа се опасен противник“, изјави Врањеш.

Словенија во квалификациите за Европското првенство 2022 во својата група освен Холандија, како ривали ги имаат и репрезентациите на Турција и Полска.